Продаден познатиот „Tribune Tower“ во Чикаго
„CIM“ груп со седиште во Лос Анџелес се согласи да го купи познатиот „Tribune Tower“ во Чикаго за 240 милиони долари.
Се очекува договорот да биде реализиран до крајот на септември, но претставници не навеле конкретни планови за кулата изградена во 1925 година во стил на неоготика, која во 1989 година е прогласена за знаменитост на градот.
Како што соопштува Чикако Трибјун, на вработените во Трибјун медија им е речено дека оперативното седиште ќе остане во Чикаго, а дека персоналот ќе биде преместен во нов простор, најверојатно во текот на второто тромесечие во 2017 година.
Договорот е постигнат во настојување Трибјун медија да го продаде својот имот кој се проценува на милијарда долари.
Слично

