Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОЧИТАЛА 60 КНИГИ И ИСПИЛА 1.000 ЛИТРИ ВОДА: Шпанска спортистка помина 500 дена во пештера

ПРОЧИТАЛА 60 КНИГИ И ИСПИЛА 1.000 ЛИТРИ ВОДА: Шпанска спортистка помина 500 дена во пештера

Шпанска спортистка која помина година и половина во пештера под земја, конечно излезе. 

По 500 дена, ова е рекорд. Беатрис Фламини влезе во пештерата во Гранада, на југот на Шпанија, кога светот се бореше со коронавирусот, а руската инвазија на Украина не беше почната.  Нејзиното влегување во пештерата беше дел од експеримент. Научниците го следеа експериментот. 

„Сè уште мислам дека е 21 ноември 2021 година, не знам што се случува со светот“, рече Фламини откако ја напушти пештерата.

Кога влегла имала 48 години, времето го поминала во пештера длабока 70 метри вежбајќи, цртајќи и плетејќи волнени капи. Таа прочитала 60 книги и испила 1.000 литри вода.  Ја следеле група психолози, истражувачи, спелеолози и специјалисти за проучување на пештери, но никој од нив не стапил во контакт со неа.

„Ја губам рамнотежата, затоа ме држат. Ако ми дозволиш да се истуширам, немам чепнато вода година и пол. Се гледаме наскоро, дали е тоа во ред?“, им изјави таа на новинарите кои преплавија прашања.

Фламини објасни дека после два месеци изгубила чувство за времето.

Експертите го искористија нејзиното време во изолација за да ги проучат ефектите од социјалната изолација. Медиумите претходно пишуваа за луѓе кои се преселиле на пуст остров, далеку од цивилизацијата, но и ова е едно необично искуство. 

Слично

Поврзани вести