Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОБОДЕНИ ТРИ ДЕЦА СО НОЖ И УШТЕ ДВАЈЦА ВОЗРАСНИ ВО ДАБЛИН: Терористички напад или мотивот е сосема друг

ПРОБОДЕНИ ТРИ ДЕЦА СО НОЖ И УШТЕ ДВАЈЦА ВОЗРАСНИ ВО ДАБЛИН: Терористички напад или мотивот е сосема друг

Пет лица, меѓу кои три деца, се повредени денеска во напад со нож во центарот на Даблин, јавуваат медиумите. Истрагата е во тек, а причината за нападот се уште не е позната, но медиумите во Република Ирска шпекулираат дека можеби станува збор за терористички напад.

Како што јавува Би-Би-Си, инцидентот се случил нешто по 13:40 часот по локално време. Ајриш тајмс наведува дека осомничениот е приведен, а и самиот си нанел повреди, а како што додаваат, запленет е и ножот со кој е извршен нападот.

Според „Ајриш Тајмс“, првите индиции се дека напаѓачот се обидел да нападне неколку млади луѓе во неговата околина, меѓу кои имало и деца, но дека случајните минувачи веднаш интервенирале. Меѓутоа, меѓу жртвите има возрасен маж и жена и три деца. Повредените со убодни рани веднаш се хоспитализирани, а според овој портал едно дете е тешко повредено.

ФОТО: Unsplash

Слично

Поврзани вести