Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРОБЛЕМИ ВО КИНА“: Продолжува девалвацијата на јуанот

„ПРОБЛЕМИ ВО КИНА“: Продолжува девалвацијата на јуанот

Кинескиот јуан ослабна денес втор ден последователно и падна на најниска вредност во последните четири години, откако централната банка одлучила да преземе мерки кои се протолкувани како поддршка на кинеските извозници.

Денес во Кина за еден долар се добиваат 6,44 јуани, што е најслабиот курс на кинеската валута од август 2011 година . Средниот курс кој го одредила централната банка е 6,3306 .

Во меѓународната трговија еден долар во моментов вреди 6,57 јуани.

Централната банка на Кина се обиде да го смири финансискиот пазар и соопштила дека ова е еднократна девалвација на националната валута, односно дека не се работи за почеток на константна депресијација.

И покрај тоа, трговците на една европска централна банка во Шангај велат дека неочекуваната девалвација предизвикала „одредена паника“ на пазарите.

Јуанот изгубил 3,5 одсто од вредноста во Кина во последните два дена, а околу 4,8 одсто на глобалните пазари. Тоа влијаело и на падот на вредноста на валутата на Индонезија, Малезија и Нов Зеланд.

Вчерашната одлука за девалвацијата на јуанот следеше после објавувањето на извештајот за слабите перформанси на кинеската економија. Слабиот јуан ќе им помогне на кинеските извозници, бидејќи нивната стока станува поефтина на меѓународните пазари.

Денес е објавено дека растот на индустрискиот производ во Кина во јули беше шест одсто, што е значајно помало од прогнозите.

Инвестициите и малопродажбата исто така биле на пониско ниво од очекуваното во текот на минатиот месец во споредба со истиот период пред година дена.

Меѓународниот монетарен фонд ја поздравил одлуката на Кина да овозможи вредноста на јуанот да се одредува во согласност со пазарните околности и го повика Пекинг да воведе пливачки курс во наредните две до три години.

Слично

Поврзани вести