Проблеми со халал храната во Шведска, содржи свинско
Утврдено е присуство на свинско месо во салама, означена како халал храна, потврди шведската агенција за контрола на храната. Проблематичните продуктите се увезени од Словенија и тие содржат 10 проценти свинско месо, покажале ДНК тестовите направени од агенцијата.
„Саламата е повлечена од магацините и не е достапна за продажба или дистрибуција во Шведска“, истакна државниот инспектор.
Со оглед на тоа што свинското месо е поевтино од говедското месо, државниот инспекторот посочил дека постои веројатност дека грешката да е намерна.
Слично
