Проблематичен Galaxy Note 7 запалил куќа
Здружението на потрошувачи во САД упати апел до сите корисници кои купиле нов Galaxy Note 7 да не го користат бидејќи има сериозни проблеми со батеријата која се пали при полнење. По инцидентот кога еден џип се запали и експлодираше додека во него се полнел смартфонот, сега има пријава и за нов уште потежок случај кога во Флорида поради запалена батерија на Galaxy Note 7 се раширил пожар во куќа.
Пожарникарите кои интервенирале во домот на Весли Харцог посочуваат дека пожарот се проширил од местото каде се наоѓал штеќерот за струја во кој најверојатно бил приклучен моделот на Galaxy Note 7, но за вистинските причини ќе треба да се почека да заврши истрагата. Ова е вкупно 37 инцидент во кој Galaxy Note 7 експлодира но, за среќа освен материјални штети засега нема повредени или жртви.
Слично
