Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОБЛЕМ: Најголемата соларна електрана им ги пржи крилјата на птиците!

ПРОБЛЕМ: Најголемата соларна електрана им ги пржи крилјата на птиците!
Најголемата соларна електрана на светот „Ајванпах“, кој беше отворен во четвртокот во калифорниската пустина Мохаве, може да произведе доволно енергија за да снабди 140.000 домаќинства. Но, се појави еден голем проблем - огромната топлина од сончевите панели буквално им ги пржи крилјата на птиците кои ги надлетуваат. Комплексот вреден 2,2 милијарди долари е составен од 300.000 соларни плочи, кои покриваат површина од речиси 13 квадратни километри, како и три кули за собирање на светлина. Сопствениците „НРГ Енерџи“, „Гугл“ и „Брајтсорс енерџи“ се најдоа на удар на критиките на активистите за заштита на животните, откако се појавиле фотографии на птици со повредени крилја. Воздухот над електраната се загрева на дури 540 степени целзиусови, а птиците мора да поминуваат низ вистински „пеколен појас“. Уште во текот на изградбата, десетици мртви птици биле пронајдени во близина на „Ајванпах“. Еколошките здруженија ќе изработуваат студија за влијанието на оваа електрана врз птиците и се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста кон прашањето - дали „чистата“ соларна енергија вреди доволно за да се уништи живиот свет во околината на „Ајванпах“. Во текот на изградбата на електраната, без своето постојано живеалиште во пустината Мохаве останаа и голем број којоти и желки.  
Слично

Поврзани вести