Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРИЗНАЈ ДЕКА СИ ВИНОВЕН“-ХРВАТСКИОТ ВОЈНИК ПРЕБЕГ НА СУД ВО ДОНБАС: На четворица странски борци во Украина им се заканува смртна казна

„ПРИЗНАЈ ДЕКА СИ ВИНОВЕН“-ХРВАТСКИОТ ВОЈНИК ПРЕБЕГ НА СУД ВО ДОНБАС: На четворица странски борци во Украина им се заканува смртна казна

Хрватот Вјекослав Пребег, кој беше обвинет од Народна Република Доњецк (ДНР), денеска се појави пред Врховниот суд со четворица сообвинети. Пребег, Швеѓанецот Матијас Густавсон и Британецот Џон Хардинг, се соочуваат со смртна казна.

„Тие се обвинети дека биле обучени да вршат терористички активности и дека учествувале во вооружени конфликти како платеници“, соопшти обвинителството на ДНР. Руските медиуми јавуваат дека обвинетите одбиле да ја признаат вината, а на прашањето на судијата дали разбираат за што се обвинети, сите одговориле потврдно.

Следното рочиште треба да се одржи на почетокот на октомври, јавуваат руските медиуми.

Меѓу обвинетите се уште двајца Британци, Ендру и Дилан Хил, но тие не се соочуваат со смртна казна.


Слично

Поврзани вести