Приврзаник на ИД нападна двајца полицајци во Германија
Двајца полицајци се нападнати со нож во германскиот град Молхајм вчера од приврзаник на „Исламска држава", објавија локалните власти, цитирани од ДПА.
Полицајците успеале да го совладаат 53-годишниот напаѓач, кој викал на арапски „Алах акбар" за време на нападот.
При претрес во домот на напаѓачот се откриени знамиња на „Исламска држава".
Само пред неколку дена четворица беа прободени со нож при напад на централна железничка и метро станица во Франкфурт.
Нападот бил извршен во „Хауптвахе", една од станиците во центарот на Франкфурт.
Слично
