Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИВЕДЕНИОТ Е 40 ГОДИШЕН ГЕРМАНСКИ ДРЖАВЈАНИН: Кој е мотивот за нападот во Манхајм?

ПРИВЕДЕНИОТ Е 40 ГОДИШЕН ГЕРМАНСКИ ДРЖАВЈАНИН: Кој е мотивот за нападот во Манхајм?

Oбјавени се првите информации за мотивот за нападот во Германија, каде има двајца загинати и 10 повредени. 

Во градот Манхајм денеска автомобил влета во пешачка зона, а полицијата потоа го приведе возачот. Полицијата објави дека 40-годишен германски државјанин е возачот на автомобилот. Нема сомнежи дека и други се вмешани во нападот. 

Германскиот министер за внатрешни работи за сојузната покраина Баден-Виртемберг Томас Штробл изјави дека човекот кој со својот автомобил влетал во толпа во Манхајм „го користел возилото како оружје“.

Според Ројтерс, Штробл повторил дека во моментов нема индикации дека осомничениот има „екстремистичко или религиозно потекло“.

„Мотивацијата би можела да биде поврзана со личните околности на сторителот. Но, тоа е предмет на истрага“, рече Штробл, според Ројтерс.

Поради нападот откажани се карневалските паради кои беа планирани за утре во околните квартови Феуденхајм, Некарау и Сандхофен Според истото соопштение затворен е и градскиот пазар, а нема да се одржи уличен карневал во центарот на Манхајм.

Слично

Поврзани вести