Приведени десет екстремисти на ИС во Турција
Полицијата во Турција привела десет екстремисти на Исламската држава, кои ги открила при рација по куќите во севернозападната провинција Сакарја.
Се претпоставува дека осомничените се турски државјани, наведуваат турски агенции, без давање на повеќе информации за случајот.
И минатиот месец беа притворени пет Турци осомничени за припадност на ИС, бидејќи турските власти наведуваат дека над стотици џихадисти се приклучиле во Сирија и Ирак.
Турската војска покренала дисциплинска постапка против својот војник Озгур Орс кој одбил да им се спротивстави на џихадистите, откако исчезнал на границата со Сирија.
Подофицерот Орс исчезнал во јануари бидејќи ја преминал границата со Сирија од југоисточната турска провинција Килис во операција на фаќање на група криумчари.
Војската го обвинила војникот дека и нанел штета на угледот на државата и армијата затоа што не им се спротивставил на екстремистите на ИС, пишува турскиот дневник Милијет.
Доколку биде прогласен за виновен, би можел да биде отпуштен од војската, пренесува АФП.
Медиумите претходнно шпекулираа дека Орс можеби го киднапирале екстремистите на ИС твредња кои не ги потврдиле претставници ниту војската.
