Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приведени 16 бегалци кои сакале илегално да влезат во Германија

Приведени 16 бегалци кои сакале илегално да влезат во Германија

Чешката полиција привела 16 бегалци христијани Ирачани, кои Чешка ги примила на иницијатива на добротворните организации.

Уапсени се на неколку км од границата со Германија и опоменати се дека штом го одбиле азилот во Чешка, нема да добијат ни во Германија. Министерот за внатрешни работи, Милан Хованец потврди дека се уапсени на 8 км од границата со Германија. Пред две седмици ист таков случај имаше со 25 мигранти кои Чешка ги примила.

На бегалците им е објаснето дека штом го одбиле азилот во Чешка, можат во рок од три дена да се вратат во родната земја, а во Германија не можат да одат со привремени чешки документи затоа што тоа е нелегално. Уапсени се и двајца возачи кои сакале илегално да ги однесат бегалците во Германија.

Слично

Поврзани вести