Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приведена новинарка бидејќи го критикувала Ердоган на Твитер

Приведена новинарка бидејќи го критикувала Ердоган на Твитер

Холандска новинарка со турско потекло е приведена на сослушување поради критички коментар напишан на Твитер за претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Ебру Умар, позната атеистка и феминистка, напишала дека на врата ѝ дошла полиција и дека ја водат во полициска станица во летувалиштето во Кушадаси, пренесува АП.

Холандскиот дневен весник „Метро“ соопшти дека нивната новинарка е приведена во Турција на испитување за „постот“ на Твитер,  во кој го критикува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во соопштението на „Метро“ се наведува дека новинарката е приведена синоќа, пренесе агенцијата АП.

Новинарката неодамна за холандски „Метро“ напишала текст со критики кон Ердоган, чии исечоци подоцна ги објавила на Твитер, поради што е и приведена. Холандските и турските власти засега немаат коментар на овој случај. Турските власти досега покренаа околу 2.000 обвиненија против луѓе кои  го навредиле Ердоган.

Слично

Поврзани вести