Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ НА ПЕЛЕ: Зад себе имаше три брака и седум деца

ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ НА ПЕЛЕ: Зад себе имаше три брака и седум деца

Едсон Арантес до Насименто, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, познат како Пеле, во приватниот живот имаше три брака и дури седум деца. Еден од неговите наследници е особено проблематичен, поради што доби казна од 33 години затвор.

Поранешниот бразилски голман Едињо (52) е син на Пеле од првиот брак на бразилскиот фудбалер.  Тој беше уапсен во 2005 година и беше обвинет за трговија со дрога и перење пари. Прво се жалеше и му ја скратија казната на 12 години и 10 месеци, а дури подоцна успеа да се избори за поинаков режим. Поради ова, тој можеше да започне тренерска кариера, како асистент во Сантос, тренер на помлади категории или дури и шеф на стручниот штаб во неколку бразилски пониски лиги. Дури во 2017 година почна да тече затворската казна за синот на Пеле, а две години подоцна тој беше пуштен на условно. 

Пеле почина вчера на 82-годишна возраст по долга борба со ракот на дебелото црево, а неговата љубовна животна приказна беше турбулентна. 

Слично

Поврзани вести