ПРИСТИГНУВААТ КАТАСТРОФАЛНИ ПРОГНОЗИ: Војната ќе се прошири?
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси вчера во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека војната ќе се прошири.
Како што рече, војната ќе се прошири доколку не престане израелската опсада на Појасот Газа, објавија иранските државни медиуми.
„Ситуацијата ќе се искомплицира... доколку не се запрат злосторствата на ционистичкиот режим, вклучително и убиствата на луѓе и блокадата на Газа“, рече Раиси.
Иранскиот претседател не го спомна нападот на Хамас на 7 октомври од Газа во јужниот дел на Израел, што ја предизвика последната војна, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на долгогодишниот поддржувач на Палестинската терористичка организација од Иран.
За време на разговорите, Макрон го предупредил Раиси дека Иран треба да избегне каква било активност што може да доведе до ескалација или проширување на конфликтот меѓу Израел и Хамас и да направи се што е можно за да го избегне тоа, соопшти кабинетот на Макрон, пренесе Ројтерс.
Макрон, наводно, му рекол на Раиси дека Иран, со оглед на неговите односи со Хезболах и Хамас, има одговорност во врска со можното ширење на конфликтот, особено во Либан.
„Иран мора да стори сé што е можно за да избегне регионално разгорување (конфликт)“, рече Макрон.
