ПРИСТИГНАА НОВИ ФОТОГРАФИИ ОД БАЛТИКОТ - блика гас во морето
Денеска се појавија нови фотографии кои покажуваат истекување на гас од, како што изгледа, саботираниот гасовод Северен тек. Судејќи според фотографиите, истекувањето на гасот „Северен тек 1“ се чини дека е многу поинтензивно од истекувањето на „Северен тек 2“.
Во моментот на истекувањето, Северен тек 2 не бил функционален, но цевките биле полни со гас.
Двата гасоводи беа изградени за да го носат рускиот гас од Русија до Германија, а потоа до другите земји на ЕУ.
Притисокот на гасот во гасоводот Северен тек 1 падна на речиси нула во моментот на истекувањето. Русија уште во август престана да ја снабдува Европа со гас „Северен тек 1“, тврдејќи дека поради западните санкции, гасоводот не може безбедно да функционира.
Да потсетиме, Шведска утрово потврди дека идентификувала уште една локација за истекување на гас, но не е познато во кој гасовод.
Извор и фото: Индекс.хр
