Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСНА РЕАКЦИЈА на Русија за посетата на Зеленски на САД: „Ги чекаат незамисливи последици“

БЕСНА РЕАКЦИЈА на Русија за посетата на Зеленски на САД: „Ги чекаат незамисливи последици“

Вчерашната посета на Володимир Зеленски на Вашингтон покажува дека ниту САД ниту украинскиот претседател „не се подготвени за мир“, изјави утрово рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов. Неговиот коментар дојде момент откако Зеленски одржа историски говор во американскиот Конгрес, во кој се заблагодари на САД за поддршката во борбата против руската агресија и побара поголема помош.

„Помирливите изјави од администрацијата на Бајден за немање намера за конфронтација со Русија се само празни зборови“, рече Антонов во изјавата објавена од руската амбасада во САД. Тој ја опиша посетата на Зеленски на САД како „патување во стилот на Холивуд“.

„Сите разбираат какви последици го чекаат персоналот што ќе управува со патриотите во Украина“

„Она што во основа беше најавено и поздравено со аплауз и саркастично намигнување е потребата од продолжување на „прокси војната“ против нашата земја, до целосна победа“, најави Антонов, кој ја коментираше и најавата на Бајден за испраќање на моќната американска ракета за противвоздушна одбрана „Патриот“ систем за Украина.

Мислам дека сите совршено разбираат каква судбина го чека персоналот кој ќе управува со тој систем на територијата на Украина, рече Антонов.

Рускиот амбасадор тврди и дека американското учество во конфликтот во Украина може да доведе до ескалација на конфликтот: „Провокативните потези на САД лесно водат кон ескалација, чии последици не можат ниту да се замислат“.


FOTO: EPA

Слично

Поврзани вести