ПРИСТАНИШТЕТО МАРИУПОЛ ЧИСТО ОД МИНИ - тврдат руските деминери и Пушилин, Украина молчи
Обезбедена е безбедноста на пловидбата во Мариупол, соопштија претставниците на руското Министерство за одбрана.
- Вчера беа пронајдени и исчистени 16 мини, од кои пет се во пристаништето, останатите се антиамфибиски мини на плажата. До крајот на денешниот ден плажата целосно ќе биде исчистена од мини - изјави член на руските деминери.
Во меѓувреме, претседателот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), Денис Пушилин, рече дека воените експерти го завршиле деминирањето на пристаништето.
- Пристаништето е целосно исчистено од мини. Ова се однесува и на територијата и на водите - изјави Пушилин за новинарите.
Тој посочи дека се неутрализирани околу 12.000 експлозивни направи, јавува „Курир.рс“, повикувајќи се на РИА Новости.
Според Пушилин, пристаништето веќе работи и за извоз и за увоз.
- Генерално, извозната компонента, како и досега, ќе биде металот, јагленот и житото во рамките на пристаништето. Што се однесува до увозот, основата е градежен материјал, кој ќе се доставува во големи количини во рамките на програмата за реконструкција на градот ДНР - рече тој.
