Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИСЛУШКУВАН: Разговор на лидерот на ИД открива дека „нападите во Париз се само почеток“

ПРИСЛУШКУВАН: Разговор на лидерот на ИД открива дека „нападите во Париз се само почеток“
Според податоците на американската Агенција за национална безбедност (НСА),  неодамнешните случувања во Франција се само почеток од низа планирани напади на џихадистичката организација „Исламска држава“ во Европа, пишува германскиот дневник „Билд ам цондаг“. Весникот наведува дека претставници од НСА успеале да прислушуваат разговори помеѓу лидерот на „Исламската држава“ за време на кои било речено дека Европа треба да очекува бран терор и дека случувањата се само почеток. „За време на разговорот не биле откриени информации за плановите на „Исламската држава“ но спомнуван е Рим“, пишува весникот. Изминатава недела исламските терористи Шериф и Саид Куаши убија 10 новинари од сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“. Исламистите убија и двајца полициски службеници пред канцелариите на магазинот. Друг напаѓач, Амеди Кулибали, за кој се верува дека е поврзан со браќата Куаши, во петокот на деветти јануари уби четворица заложници во супермаркет во источниот дел на Париз. Тој, исто така, најверојатно е одговорен и за убиството на полициски службеник кое беше извршено ден претходно во јужниот дел на Париз.
Слично

Поврзани вести