Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Принудете го Киев да прекине со огнот!“

„Принудете го Киев да прекине со огнот!“
Претседателот на самопрогласената Народна Република Донецк, Александар Захарченко, го обвини денес Киев за кршење на примирјето и напади врз Донецк. Тој ги повикал ОБСЕ да ги принудат украинските власти да го исполнуваат договореното од Минск. „Сакам уште еднаш да се обратам до меѓународната заедница, ОБСЕ дека доколку сакате и доколку го делите нашиот став за прекин на огнот, принудете го Киев да го исполнува договореното од Минска“, истакнал Захарченко. Тој исто така, истакнал дека изминатите 48 часа на аеродромот во Донецк биле извршени повеќе од шест пешадиски напади и оклопна техника, за кои вели дека успешно се одбиени, како и дека е спречен пробивот на украинската војска во Донецк. „Сите обиди на украинските сили да го вратат аеродромот, реванширајќи се за поразот кој им го нанесовме минатата година пропаднаа“, рекол Захарченко, додавајќи дека украинската војска „претрпила огромни загуби“ и дека украинските сили ја користат и воената авијација. Според исказот на Захарченко изминатиот период бил срушен Путиловскиот мост во близина на Донецк а „уништен бил и конвој кој тргнал во пробив“ при што заробени биле и тројца тенкисти, пренесува агенцијата РИА „Новости“.    
Слично

Поврзани вести