Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ВО НЕИЗМЕРНА ТАГА: Загуби блиска личност

ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ВО НЕИЗМЕРНА ТАГА: Загуби блиска личност

Принцот Вилијам се огласи на социјалните мрежи за да му оддаде почит на пријател кој загина во авионска несреќа во Кенија. Во падот на авионот загинал и синот на несреќниот.

Ренџерот Марк Џенкинс загинал кога неговиот авион се урнал додека се обидувал да избрка крави, камили и кози од националниот парк Цаво, а во моментот на несреќата со него бил и неговиот син Питер.

Принцот од Велс во оваа трагична прилика се огласи на Твитер, каде му оддаде почит на својот загинат пријател.

„Вчера изгубив пријател кој го посвети својот живот на заштита на дивиот свет во некои од најпознатите национални паркови во Источна Африка. Марк Џенкинс и неговиот син Питер трагично загинаа додека летаа над Националниот парк Цаво во воздушна патрола", напиша Вилијам.

Принцот додаде дека неговите мисли се со сопругата, семејството и колегите на Марк кои за жал изгубиле човек на кој сите го сакале и му се восхитувале.

Принцот Вилијам и Џенкинс првпат се запознале во 2001 година, кога тој поминал три и пол месеци во Африка, уживајќи во сафари и учејќи за зачувување на дивечот, дивиот свет и животната средина.

Потоа станаа пријатели и оттогаш се сретнаа неколку пати.

Областа каде што загинале Џенкинс и неговиот син ја окупирале сточари кои своите животни ги носеле на пасење, што предизвикало конфликт меѓу властите и сточарите, пишува локален весник.

ФОТО: EPA/JESSICA TAYLOR / UK PARLIAMENT /

Слично

Поврзани вести