Економија, финансии, бизнис

Контакт

Принцот се помири со тажната вистина: Арапите ги чека ...

Принцот се помири со тажната вистина: Арапите ги чека ...

Саудиска Арабија планира да воведе дополнителни мерки на штедење бидејќи моментално има најголема буџетска дупка меѓу 20 најсилни економии во светот.

Кралството планира да укине проекти вредни повеќе од 20 милијарди долари, бидејќи се помири со ниските цени на нафтата.

Како што пренесе Блумберг, Ријад ќе ги скрати капиталните вложувања на 20,6 милијарди долари оваа година во однос на 70,2 милијарди долари минатата година.

Пред две години, капиталната потрошувачка во земјата изнесувала 98,6 милијарди долари .

„Посакував да видам поголеми кратења во тековната потрошувачка, наместо фокусирања речиси исклучиво на капитални издатоци“, изјавила Катја Хак, директорка на истражувачкото одделение за Блискиот исток во банката на „Емирејтс НБД“.

Според нејзиното мислење, ова на краток рок ќе го забави растот, бидејќи се намалува државната потрошувачка и инвестиции.

Да потсетиме, Саудиска Арабија веќе ги скрати платите на министрите за 20% и ги намали бонусите на државните службеници, што беше преседан во земјата.

Се очекува дека поради оваа мерка потрошувачката ќе падне на 155 милијарди долари оваа година од минатогодишните 190 милијарди долари.

Економскиот раст на кралството, според проценки на банката „ HSBC Holdings“ веројатно ќе се забави на 0,6 отсто во оваа година во однос на ланските 3,4 отсто.

Престолонаследникот Мухамед бин Салман го претставил планот за подобрување на економијата и спас од ниските цени на нафтата. Но изгледа дека другите области на економијата на таа земја напросто не му дораснале на нафтениот сектор.

Слично

Поврзани вести