Принцот кај Путин-Треба ли светот да се плаши?
Рускиот претседател Владимир Путин, се состана со заменикот на принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед бин Саламан.
Тоа е прва средба на лидерите на двајцата најголеми произведувачи на нафта откако минатата недела е договорено продолжување на договорот за намалување на производството.
„Овој договор е многу значаен и нашите заеднички акции ќе помогнат да се стабилизира ситуацијата на пазарот на нафта“, рекол Путин на состанокот во Кремљ.
„Благодарни и сме на вашата иницијатива заедно да работиме и да се координираме со членките на ОПЕК и оние кои тоа не се“, рекол уште Путин.
Путин посочил и дека, по затишјето во соработката на тие две земји, сега конечно трговијата меѓу Русија и Саудиска Арабија пораснала за 130 отсто.
Вредноста на референтната американска нафта, според податоци на Блумберг, моментално е намалена за 0,5 отсто на 49,5 долари.
