Економија, финансии, бизнис

Контакт

Принцот Ендру уапсен во Велика Британија, под истрага за злоупотреба на јавна должност

Принцот Ендру уапсен во Велика Британија, под истрага за злоупотреба на јавна должност

Принцот Ендру познат како поранешен принц Ендру, денеска е уапсен во Велика Британија, пренесува Вечерњи лист.

Според првичните информации, тој е приведен под сомнение за злоупотреба на јавна должност.

Членот на британското кралско семејство повторно се најде во фокусот на јавноста откако во таканаречените „досиеја на Jeffrey Epstein“ биле пронајдени наводи дека на својот пријател, осуден за сексуални злосторства и трговија со луѓе, му доставувал доверливи државни документи.

BBC објави дека утринава пред имотот Сандрингам во Норфолк, каде што моментално живее Ендру, биле забележани возила на службите.

Надлежните институции засега не излегоа со дополнителни детали за случајот.


Слично

Поврзани вести