Примирјето во Сирија влегува во сила од 27 февруари
Русија и САД се договориле за условите на примирјето во Сирија, соопшти АP. Предлогот е примирјето да влезе во сила од саботата (27-ти февруари).
Терористичката група „Исламска држава“, сепак, како и локалниот огранок на Ал Каеда, не се дел од договорот, забележува новинската агенција.
Во услови на договорот е запишано дека примирјето ќе важи за „оние земји во сирискиот конфликт, кои ги потврдиле обврските за донесување на примирјето“. Ова ги исклучува двете терористички организации, како и други групи кои се наведени и од Советот за безбедност на ОН.
Рускиот претседател Владмир Путин разговарал по телефон со американскиот претседател Барак Обама по повод договорот.
И двајцата коментирале дека договорот е важен резултат од неколкуте рунди преговори зад затворени врати.
Путин сепак нагласува дека воздушните напади на руските воздухопловни сили во Сирија ќе продолжат, бидејќи во договорот не учествуваат главните терористички групи во земјата.
Москва и Вашингтон ќе продолжат да преговараат за да се договорат кои организации да не бидат таргетирани при ударите.
Русија и САД ќе воспостават и посебна линија за комуникации евентуално ќе договорат создавање на работна група за размена на информации по влегувањето во сила на примирјето.
Во меѓувреме државниот глава Башар ал-Асад свика парламентарни избори за 13 април.
Во декретот на претседателот се одредува и бројот на пратениците од секоја една провинција на земјата.
Последните парламентарни избори во измачената со војна земја беа во мај 2012 година.
Изборите требаше да се одржат во мај 2011 година, но поради граѓанската војна беа откажани двапати. Националниот Фронт за Прогрес кон кој спаѓа и партијата на Асад Баат, има 168 од вкупно 250 пратеници, што е 67%. Нормално сирискиот парламент се избира на секои четири години.
