Економија, финансии, бизнис

Контакт

Примирјето во Сирија: Надеж за мир или само пауза?

Примирјето во Сирија: Надеж за мир или само пауза?

Примирјето во Сирија влезе во сила на полноќ, а Русија ги прекина воздушните напади. ОН го нарече завршеток на борбите најдобра надеж за мир, откако започна граѓанската војна пред пет години, пишува Ројтерс.

Русија и САД се договорија за прекин на огнот, што беше прифатено од Владата на претседателот Башар ал Асад и многу од неговите непријатели.

Примирјето ќе овозможи хуманитарната помош да стигне до цивилите и да започнат разговори за мир.

Русија, која најави дека има намера да продолжи со ударите во области, кои се под контрола на исламистичките борци, изјави дека ги прекинува сите летови над Сирија за саботниот ден, за да се осигура дека нема да има цели, погодени по грешка.

Командантот на сириските бунтовници изјави дека владините сили престанале со бомбардирањето во некои делови на земјата, но во други тоа продолжува и го опиша ова како пореметување кое може да го уништи договорот.

Примирјето е кулминација на нови дипломатски напори, како резултат на ситуацијата на бојното поле, која радикално се промени по интервенцијата на Русија во војната во септември. Руската Федерација започна воздушни напади во поддршка на Асад.

Интервенција на Москва ефикасно ги уништува надежите на противниците на Асад во период од пет години, поттикнати од арапски и западни држави, да го симнат од власт со сила.

Договорот е прв од ваков вид обид за примирје во последните четири години и ако успее, ќе биде најуспешното досега.

Примирјето има и слаби места.

Важно е да се напомене дека тоа не ги вклучува терористите од „Даеш“, како и поврзани со „Ал Каеда“ фронтот “Ал Нусра“. Бомбардирањето против нив ќе продолжи, а како главно прашање е дали ќе се користи како изговор да се бомбардираат и други групи.

„Да се ​​помолиме примирјето да успее, бидејќи искрено тоа е најдобрата опција која може да се замисли за народот на Сирија во последните пет години, да се види нешто подобро и да се надеваме - нешто да доведе до мир“, рече специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура.

Слично

Поврзани вести