Примирјето се почитува во појасот Газа
Во појасот Газа во среда денеска се почитуваше примирјето кое е постигнато во Каиро во посредничките преговори помеѓу Израел и Палестинците после 50 дена судири.
Израелската војска соопшти дека утрово немало кршење на прекинот на огнот, кој стапил на сила претходниот ден во 19.00 по локално време.
Израелските медиуми пренесуваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху не се консултирал со своите министри за прекинот на огнот, бидејќи некои членови на неговиот кабинет отворено се изјасниле за продолжување на судирите.
Од почетокот на војната 8 јули во судирите загинале преку 2100 Палестинци и 68 војници и цивили од израелската страна.
Израелската војска покрена офанзива на 8 јули на појасот Газа во надеж да го неутрализира палестинското радикално движење Хамас кое владее во тој дел на палестинската територија и откаде се исфрлуваат ракетите на југот на Израел.
