Примирјето не траеше долго – Хамас пак напаѓа!
Наместо предвидените пет, само два часа траеше примирјето на Блискиот Исток меѓу Израел и Хамас. Прекинот на огнот, постигнат на барање на Обединетите нации со цел да се обезбеди дотур на храна и лекови до населението во Газа, заврши во моментот кога палестинското милитантно движење Хамас упати најмалку две ракети кон израелска територија.
Според локалните медиуми, Израел засега не возвратил на огнот. Ракетите паднале на отворен простор и не предизвикале жртви или материјална штета. Израелската војска претходно соопшти дека решително ќе возврати доколку „Хамас или други терористички организации се обидат да го искористат примирјето“.
Израел и Хамас денеска се согласија на петчасовен „хуманитарен прекин на огнот“, што требаше да биде прво подолготрајно примирје од почетокот на новите судири меѓу двете страни пред 10 дена.
Новата ескалација на израелско-палестинските судири започна по киднапирањето и убиството на тројца израелски студенти во јуни годинава. За овој чин Израел го обвинува Хамас, иако палестинското движење негира одговорност.
Слично
