Примирје во Украина до 27 јуни
Сепаратистичките лидери во источна Украина се согласија да го почитуваат прекинот на огнот до 27 јуни, изјави нивен претставник.
„Во одговор на едностраниот прекин на огнот од страна на Киев, се обврзуваме да го прекинеме огнот и од наша страна. Прекинот на огнот ќе биде на сила до 27 јуни“, вели премиерот на самопрогласената Народна Република Доњецк Александар Бородај по преговорите за исполнување на мировниот план за источна Украина.
Украинскиот претседател Петро Порошенко минатата недела го претстави планот за мир во источните делови на земјата, објавувајќи едностран прекин на воените дејствија.
Русија го поздрави мировниот план, но ја повика украинската Влада да започне преговори со бунтовниците кои прогласија независност во овие региони, зазедоа административни згради и континуирано се судираат со украинските безбедносни сили.
Слично
