Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИМИРЈЕ ОД 12 ЧАСА ВО НАГОРНО - КАРАБАХ: Досега се убиени повеќе од 400 луѓе

ПРИМИРЈЕ ОД 12 ЧАСА ВО НАГОРНО - КАРАБАХ: Досега се убиени повеќе од 400 луѓе

12 часа ќе има прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан во регионот Нагорно Карабах. 

Министрите за надворешни работи на Русија, Азербејџан и Ерменија, Сергеј Лавров, Зохраб Мназаканиан и Јехун Бајрамов вчера во Русија разговараа за ескалацијата на конфликтот во Нагорно Карабах.

Ерменскиот премиер Никол Пашињан,  во интервју за италијанската „Република“ изјавил дека Ерменија и непризнатиот Нагорно Карабах се последните пречки на патот на експанзионизмот на Анкара. 

„Ако меѓународната заедница итно не реагира, наскоро ќе ги види Турците пред вратите на Виена, како во 17. век“, рекол Пашињан. 

Тој додал дека опција да се елиминира таа закана е меѓународната заедница и европските земји да ја признаат независноста на Нагорно Карабах.

 Конфликти има од 27 септември.

Досега  повеќе од 400 лица се убиени во Нагорно-Карабах, планинска енклава што официјално е дел од Азербејџан, но ја водат Ерменци.

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Cејхун Бајрамов се согласи да разговара во Женева со копретседавачите на Групата на ОБСЕ во Минск (Русија, Франција и САД) и да ги запознае со позицијата на Азербејџан за смирување на конфликтот.

Ерменскиот шеф на дипломатијата,  Зохраб Мнацаканијан не беше присутен на состанокот во Женева. 

Вашингтон, Париз и Москва, во својство на копретседавачи на Групата на ОБСЕ во Минск, скоро триесет години посредуваат во решавање на прашањето со Нагорно Карабах.

Примирјето воспоставено по војната 1990-1994, во кое загинаа 30.000 луѓе, постојано е прекршувано и конфликтите избувнуваа одново и одново.

Слично

Поврзани вести