ПРИМЕРИ ОД СВЕТОТ: На едните им плаќаат, а другите на -17 возат велосипеди до училиште
Бари е првиот град во Италија кој ќе им плаќа на своите жители со велосипед да одат на работа, објави весникот „Локал“.
Градоначалникот Антонио Декаро планира двојно да го зголеми бројот на велосипеди во градот оваа година и за таа цел ќе започне пилот-проект кој ќе трае четири месеци, во рамките на кој, на жителите ќе им плаќаат со велосипед да одат и да се враќаат од работат.
Тие кои со велосипед ќе дојдат на работа или во училиште ќе им биде платено 20 центи по километар, односно максимално 25 месечно, или 125 километри месечно.
Може да се пријават до 1.000 жители на Бари за да добиваат пари. На нивните велосипеди ќе биде прикачен уред за следење на километражата, на основа на која ќе се пресметува месечната исплата.
Пека Тахола, инженер за урбанизам за Navico Ltd. и координатор за возење велосипед за градот Оулу, неодамна го фотографирал велосипедскиот паркинг на локалното училиште на -17C за да покаже дека без оглед на условите, ништо не ги задржува децата далеку од нивните велосипеди.