Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИМЕР: Mинистерка за службено патување ќе потроши 10 евра државни пари

ПРИМЕР: Mинистерка за службено патување ќе потроши 10 евра државни пари

Новата австриска министерка за надворешни работи, Карин Кнајсел, за првото службено патување ќе потроши само 10 евра државни пари. Министерката во Словачка ќе оди со воз.

„Ќе патувам со железничката линија REX што чини 10 евра. Со тој воз досега секој ден патував од Граматнојзидл до Виена, заедно со словачките болничарки и студенти“- вели Кнајсел. 

Штедлив е и канцеларот, Себастијан Курц кој најави дека ќе продолжи да патува во економска класа, исто како што правел додека бил министер.

За споредба во Македонија имаше случаи на функционери кои трошеле енормно високи суми за летови, престој во луксузни хотели и сично. 

Слично

Поврзани вести