Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приливот на бегалци од лани нема да се повтори, тврди Оланд

Приливот на бегалци од лани нема да се повтори, тврди Оланд

Не постои никаква можност приливот на бегалци од лани,  да се повтори и оваа година, смета францускиот претседател,  Франсоа Оланд.

Според него, одговорот на мигрантската криза треба да биде европски, а во спротивно ќе настапи крај на Шенген договорот и ќе бидат обновени националните граници, со други зборови ќе се случи историски регрес.

„ Се знае какви напори вложи Германија и ја поздравуваме искажаната солидарност. Германија ќе посвети значителни средства на приемот и интеграцијата на бегалците. Но, не може да стане ниту збор дека оваа година ќе се повтори тоа што се случи во 2015 година “ - рече Оланд.

Оланд изрази жалење поради тоа што Европската унија задоцнила со реакцијата на бегалската криза, која предизвика турбуленции, но потенцира дека сепак ЕУ успеала да пронајде глобален одговор.

„Заедно го изградивме европското решение, но меѓу нас имаше разлики. Германија прифати стотици илјади бегалци и покажа голема великодушност, но и за Германија и за Франција тоа не може да се прави надвор од европските правила, со други зборови надвор од Шенгенот“ - додава Оланд.

Оланд изјави дека бегалската криза го зближила со германската канцеларка на личен план и покрај тоа што немале исти политички ставови.

Слично

Поврзани вести