Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пријателите се потребни кога е најтешко

Пријателите се потребни кога е најтешко
Додека бројот на жртвите од земјотресот што во саботата го потресе Непал со магнитуда од 7,8 степени според Рихтеровата скала, постојано расте, помош за лоцирање и идентификација на исчезнатите лица доаѓа од малку необичен извор: Силиконската долина. Во текот на викендот Google и Facebook активираа функции, со кои можат да бидат откриени преживеани од земјотресот. Во моментов и двете компании се обидуваат да ги наметнат интернет услугите поуспешно на пазарите во светот во развој и трагедијата докажа колку моќна може да биде оваа врска. И сепак земји како Непал, каде само 77 на секои 100 луѓе се претплатници на мобилни услуги (за споредба, во САД соодносот е 96 100 луѓе, а во Велика Британија - 125 100 луѓе), покажуваат колку уште напори треба да се вложат во таа насока. Во саботата Google ја активираше услугата Person Finder, за да им помогне на луѓето да откријат дали нивните блиски, кои биле во реонот на земјотресот, се безбедни. Корисниците на Person Finder може да споделат дали "бараат некого", или "имаат информации за некого". Услугата е создадена за да можат преживеаните или луѓе кои имаат информации за преживеани, да ги споделат со семејствата и пријателите за актуелната состојба. Досега на сајтот има податоци за 6600 лица. nepal1Проектот на Google беше создаден уште пред 5 години и работи во дури поголем обем. Пред Непал компанијата ја објави услугата, за да им помогне на жртвите по тајфунот Хајан кој ги зафати Филипините во 2013 година, како и по бомбашките напади во Бостон. Бидејќи услугата не бара интернет конекција за да биде користена - побарувачката во базата на податоци може да се прави и преку текстуални пораки (sms), теоретски таа може да се користи од многу повеќе луѓе во споредба со апликацијата на Facebook. Покрај Person Finder Google ја намали и цената на меѓународните повици до Непал преку својата услуга Google Voice до 1 цент за минута. Пред тоа разговорите чинеа 19 центи за минута. Кратко по земјотресот главниот извршен директор на Facebook, Марк Цукерберг исто така активираше услуга на социјалната мрежа позната како Safety Check, која им овозможува на оние кои биле во реонот, да им соопштат на пријателите и семејствата дека се добро. Функцијата беше создадена уште во 2011 година, кога бреговите на Јапонија беа уништени од силен земјотрес, проследен со цунами. nepal2 "Кога ќе се случат слични катастрофи, луѓето треба да знаат дека нивните блиски се безбедни", напиша Цукерберг во саботата. "Во моменти како овие можноста да ги поврзам еден со друг навистина е важна", додаде тој. Во моментов од Facebook не пријавиле колку луѓе ја користеле функцијата, иако социјалната мрежа има само околу 4,4 милиони, корисници во земјата. За да може да се користи услугата, сепак, треба да се има инсталирано на smartphone Facebook апликација, а бројот на смартфоните во земјата засега е прилично мал. Microsoft исто така се вклучи во заедничките напори и ги направи разговорите по Skype од и до Непал бесплатни. Во моментов сите корисници можат да се јават од земјата или да бидат повикани, без разлика дали имаат кредит на својата сметка. Во пост на својот блог компанијата изјави: "Бидејќи никој сеуште не знае за обемот на трагедијата, сакаме да им обезбедиме на луѓето алтернативни методи за комуникација, за да се поврзат со пријателите и семејствата во овие тешки времиња". Skype не се единствените кои ги направија разговорите бесплатни. Во Австралија Vodafone и Viber, а во САД Timer Warner, Verizon и AT & T, исто привремено го исклучија тарифирањето на разговорите од и до Непал. Ова им овозможува на корисниците да се јават или да праќаат пораки бесплатно до кој и да е телефонски оператор во Непал. К.К.
Слично

Поврзани вести