Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приходите во САД со најголем пад во последниве 20 години

Приходите во САД со најголем пад во последниве 20 години
Личната потрошувачка на Американците бележи зголемување за месец јануари, додека нивните приходи забележаа најголем пад во последните 20 години. Министерството за трговија објави дека трошењето во јануари се зголемило за 0,2 проценти по ревидираниот раст од 0,1% во претходниот месец. Зголемувањето на потрошувачката во јануари беше во согласност со очекувањата на економистите. Приходите пак на жителите на САД во првите месеци од оваа година паднаа за 3.6 проценти, што е најголем пад од јануари 1993 година. Меѓу причините за овој пад се споменува  високата споредбена стапка од декември, кога тие приодите скокнаа 2,6 отсто бидејќи компаниите брзаа да исплатат дивиденди и бонуси пред Нова година кога стапи во сила зголемување на даноците. Повисоките даноци се само уште една причина да намалувањето на платите. Приходите на домаќинствата по инфлацијата и даноците во јануари потонаа четири отсто, по растот од 2,7-отсто претходниот месец.
Слично

Поврзани вести