Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приходите на Путин за 2012 година изнесуваат 5,79 милиони рубљи

Приходите на Путин за 2012 година изнесуваат 5,79 милиони рубљи

Рускиот претседател Владимир Путин заработил 5,79 рубљи во 2012 година, во споредба со 3,7 милиони во 2011 година, според анкетниот лист објавен денеска на Интернет страницата на Кремљ.

Шефот на руската држава поседува два стана со површина од 153,7 и 77 метри квадратни, парцела со површина од 1.500 метри квадратни во Московската област, гаража од 18 метри квадратни. Има три автомобили - два ГАЗ и еден Нива.

Неговата сопруга Људмила Путина минатата година имала приходи од 121.374 рубљи, во споредба со 443.000 рубљи во 2011 година.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев заработил 5,8 милиони рубљи во 2012 година.

Најбогатиот службеник во претседателската администрација е помошникот на Путин, Јуриј Трутнев, кој е поранешен за природни ресурси и екологија. Неговите приходи во 2012 година надминале 210 милиони рубљи

Слично

Поврзани вести