Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приходите на „Исламска држава” од нафтата се намалиле за половина

Приходите на „Исламска држава” од нафтата се намалиле за половина

Командата на коалицијата предводена од САД, која се бори со екстремистите од терористичката организација „Исламска држава" во Ирак и Сирија, смета дека приходите на групата од нелегалната трговија со нафта и гас во последните месеци се намалени за половина.

Тоа е околу 15 милиони долари месечно. Претставникот на коалициската команда полковник Кристофер Харвар ги изнесе овие податоци за време на брифингот со новинарите во Пентагон, кој се одржа во форма на видеоконференција. Тој рече дека треба да направи корекција во своите проценки кои ги дал минатата недела. Тогаш беше наведена бројката од 300 милиони долари месечно.

„Правилната бројка е друга - таа е значително пониска и е под 30 милиони долари месечно. Покрај тоа, како резултат на операцијата Tidal wave-2, која САД и нивните сојузници ја изведуваат оваа сума е намалена двојно - до 15 милиони долари месечно"- вели тој.

За време на операцијата се извршени 193 воздушни напади на нафтени објекти, контролирани од „Исламска држава". Последниот таков удар е нанесен на 4 јули, кога САД го одбележаа својот национален празник - Денот на независноста. Харвар изјави дека од септември 2014 година коалицијата извела вкупно 303 напади по нафтените и гасни објекти на џихадистите.

Слично

Поврзани вести