ПРИХОДИ ЗА ОНИЕ КОИ НЕ РАБОТАТ: Оваа држава ќе им дава по 560 евра месечно на граѓаните!
Финска има намера да воведе експериментално безусловен основен приход во земјата. Целта е да се намали нееднаквоста во општеството.
Предлогот е безусловниот основен приход да биде 560 евра месечно. Сумата е прилагодена со најниско ниво на помошта на пазарот на трудот и минималните дневни трошоци. Овој приход ќе биде ослободен од даноци.
Владата сака да провери дали може да ја реформира социјалната помош и осигурување , и во исто време да ги стимулира луѓето да бараат работа, да се намали администрацијата и јавните финансии да станат отпорни.
Консултациите по предлог ќе траат до 9 септември, по што тој ќе биде доставен од Владата во Собранието. Се очекува законот да стапи на сила од 1 јануари 2017 година.
Експериментот ќе се одржи во 2017-2018 година и за него ќе одговара Институтот за социјално осигурување на Финска.
Во него под одредени ограничувања ќе бидат вклучени примателите на помош за невработеност. 2000 лица ќе бидат изберени по случаен избор од целната група и ќе бидат обврзани за учествуваат, за да не паднат во тестот луѓе со друга мотивација и да го искриват крајниот резултат.
Целната група за експериментот е на возраст 25-58 години и не вклучува пензионери или студенти, бидејќи нивната ситуација не соодветствува на главната цел.
