Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пригожин загина минатиот месец, а сопругата веќе го сменила презимето

Пригожин загина минатиот месец, а сопругата веќе го сменила презимето

Вдовицата на загинатиот водач на групата Вагнер, Евгениј Пригожин го сменила презимето. 

Рускиот медиум Фонтанка пишува дека таа сега се вика Љубов Валентиновна Крјажева. Нема податоци кога е сменето презимето. Фонтанка објави дека тоа е всушност моминското презиме на вдовицата на Пригожин.

Поранешниот водач на Вагнер има три деца, еден син и две ќерки, но не се знае дали и тие го смениле презимето. Вдовицата на Пригожин по професија е фармацевтка, но има и свој бизнис. Таа управува со компанијата Agat LLC, подружница на Concord Management and Consulting LLC, компанија која беше во сопственост на Евгениј Пригожин. На 23 август годинава Пригожин загина во авионска несреќа во Тверската област во Русија. Во несреќата загинаа сите 10 патници во авионот. Два месеци пред  уривањето на авионот, Пригожин направи краткотраен бунт против режимот на Владимир Путин. Тој тргна на пат кон Москва со своите борци, но потоа се премисли по разговор со белорускиот претседател Александар Лукашенко. Пригожин имаше несогласувања со рускиот воен врв и ги критикуваше руските генерали за војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести