Пригожин за Бахмут: Времето за славење нема да дојде толку брзо
Со месеци се водат жестоки борби за освојување на украинското гратче Бахмут. Руските сили сакаат да го заземат, но украинските војници пружаат силен отпор.
Украинските сили, наводно, разнеле мост во близина на источниот град.
Се верува дека Кремљ концентрира максимална сила за да го заземе Бахмут пред да наврши една година од инвазијата која почна лани на 24 февруари.
Основачот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин денеска објави дека падот на Бахмут не е толку неизбежен.„Нема да го земеме Бахмут утре. Има многу жесток отпор, мелницата за месо работи. Ако сакаме мелницата за месо да работи правилно, не можеме веднаш да почнеме да славиме. Времето за славење нема да дојде толку брзо“, вели Пригожин.
Рече дека нападите се вршат од куќа до куќа, квадратен метар по квадратен метар. Тој пред два дена објави дека неговите борци го зазеле селото северно од Бахмут, Красна Хора. Украинските власти веднаш ги демантираа овие тврдења. Рекоа дека тоа е лага. Пригожин кажа дека „во радиус од 50 километри, повеќе или помалку, има борци на Вагнер кои ќе го заземат Бахмут“.
Слично
