Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пригожин тврди дека Зеленски и ЦИА му спремаат ликвидација

Пригожин тврди дека Зеленски и ЦИА му спремаат ликвидација

Водачот на руската групата Вагнер, Евгениј Пригожин изјави дека е информиран дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и ЦИА планираат да го убијат и вели дека тоа се смета за добра идеја.

„Да, бев информиран, ми рекоа од прес-службата. Идејата им е одлична. Се согласувам дека е време Пригожин да биде ликвидиран. Ако некој ми пријде, сигурно ќе помогнам“, рекол основачот на „Вагнер“, според неговата прес-служба на Телеграм.

Претседателот на „Ние сме заедно со Русија“, движењето на Владимир Рогов, како што пренесе ТАСС, рекол дека украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал со директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД, Вилијам Барнс, кој го посети Киев минатата недела, за обидот за атентат врз основачот на групата Вагнер. 

На 20 месецов, координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека САД одлучиле да ја прогласат групата Вагнер за меѓународна криминална организација и наскоро ќе воведат нови санкции против групата.

Oд организацијата „Русија зад решетки“ велат дека групата Вагнер која се бори во Украина е пред колапс. Тврдат дека многу борци исчезнале или загинале, а од 50.000 само уште 10.000 се борат.

Слично

Поврзани вести