Пригожин тврди дека го зазеле Соледар и дека градот е покриен со украински трупови
Според шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, градот Соледар е целосно ослободен. Тврди дека се убиени 500 украински војници, пишува Sky News.
Вели дека целиот град е покриен со трупови на украински војници.
Но, вакво нешто не кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно. Зеленски ги измеа руските тврдења и кажа дека се водат жестоки борби.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предупреди од предвремено објавување за заземање на украинскиот град Соледар, но истакна дека има „позитивен тренд“.
Ново е тоа што Русија назначи нов командант на заедничките сили во Украина.
Слично
