Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пригожин сепак ќе добие муниција?

Пригожин сепак ќе добие муниција?

По заканите дека ќе се повлече од украинскиот град Бахмут, шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин добил ветување од Кремљ за достава на муниција. 

Тој пред два дена најави дека на 10 мај ќе ги повлече своите војници од Бахмут поради недостиг од муниција. Сега вели дека од Кремљ добил позитивен одговор дека ќе добие „колку што му треба“ муниција и оружје за да продолжи со нападот врз Бахмут, објави „Гардијан“.

Пригожин ја спореди тековната битка за Бахмут со „мелница за месо“. 

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, се понуди ако се повлече Вагнер, неговите единица да ја продолжат битката за Бахмут.  Со месеци Русија сака да го освои Бахмут, но украинските сили пружаат жесток отпор. Станува збор за град кој пред војната имал 70.000 жители. 

Слично

Поврзани вести