Пригожин сакал да ги уапси Шојгу и Герасимов?
Првиот човек на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, планирал да ги уапси двајца од највисоките руски воени функционери во саботата, кога го започнал бунтот, објави Волстрит журнал.
Планот на Пригожин вклучувал апсење на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за време на нивната посета на пограничната област, пренесе „Си-ен-ен„. Федералната служба за безбедност (ФСБ) дознала за заговорот два дена пред таа да се случи, принудувајќи го Пригожин да ги промени своите планови во последен момент и наместо тоа да маршира кон Москва.
Пригожин вчера полета за Белорусија во согласност со договорот со кој заврши бунтот на неговите борци. Во неделата рускиот медиум „Фонтанка“ објави фотографии наводно направени за време на рација на руската служба за безбедност во седиштето на канцеларијата на Пригожин во Санкт Петербург.Високиот руски генерал Сергеј Суровикин, заменик командант на руските воени операции во Украина, кој наводно имал сознанија за бунтот на групата Вагнер и нејзиниот водач Евгениј Пригожин, го нема во јавност по обидот за државен удар.
фото принтскрин
