Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пригожин повторно со критики: Да не беше бавната бирократија, Бахмут ќе паднеше пред Нова Година

Пригожин повторно со критики: Да не беше бавната бирократија, Бахмут ќе паднеше пред Нова Година

Шефот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, вели дека може да бидат потребни месеци за да се заземе украинскиот град Бахмут и ја обвини „монструозната бирократија“ на Москва за одложување на воениот напредок.

Русија се обидува да го опколи и заземе разурнатиот индустриски град пред 24 февруари, на годишнината откако започна, „специјалната воена операција“ во Украина.

„Мислам дека (ќе биде во) март или април“, рече шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин во една од неколкуте коментари објавени на интернет. „За да го завземете Бахмут, мора да ги прекинете сите патишта за снабдување. Ова е важна задача“, рече тој, додавајќи: „Напредокот не оди толку брзо како што би сакале. „Бахмут ќе беше земен пред Нова година да не беше нашата монструозна воена бирократија“.

Пригожин веќе ја обвинуваше руската војска дека се обидува да му „украде“ победи на „Вагнер“, што е знак за неговото растечко влијание, но и за раздор во Москва. Тврдењата на Вагнер дека зазел територија без помош од редовната армија, исто така, предизвикале несогласувања со највисокото воено раководство.

Слично

Поврзани вести