Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пригожин вели дека има големи загуби кај Бахмут затоа што не им доставиле оружје

Пригожин вели дека има големи загуби кај Бахмут затоа што не им доставиле оружје

Првиот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин обвини високи руски функционери за предавство. 

Вели дека немаат доволно муниција и дека руски функционери сакаат да ја уништат групата Вагнер. 

„Едноставно постои директна опозиција“, рече Пригожин во говорната порака објавена на неговиот канал Телеграм. 

Вчера тој се пожали дека неименувани функционери одбиваат испораки на Вагнер поради лично непријателство кон него. Пригожин ги обвини рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и Валери Герасимов, началникот на рускиот Генералштаб, дека намерно предизвикуваат недостиг на оружје што, како што кажува довело до големи загуби кај Бахмут. 

Тој тврдеше дека поради бирократија, Бахмут не го освоија досега, а можеле да го заземат до Нова година. Според неговата проценка, пред март или април, не можат да го освојат градот. 

Украинската власт ги повика жителите на Бахмут, ако се разумни и ако се патриоти, да го напуштат градот Бахмут. 

Слично

Поврзани вести