Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пригожин објави кога најрано би го освоиле Бахмут

Пригожин објави кога најрано би го освоиле Бахмут

Засега руските сили не можат да го заземат украинскиот град Бахмут. 

Пред март или април, градот не може да биде освоен, тврди лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин. Вагнер со месеци се обидува да го заземе градот и регрутираше голем број затвореници. Пригожин на 9 февруари изјави дека ова регрутирање престанало.

„За да го освоите Бахмут треба да ги пресечете сите патишта за снабдување. Мислам дека ќе го земевме Бахмут да не беше оваа монструозна воена бирократија, која не би не сопнувала секој ден“, изјави Пригожин на видео-снимка објавена на „Телеграм ВарГонцо“ (Telegram WarGonzo).

Генералот Марк Мили, командант на Здружениот генералштаб на САД, кажа дека ниту Русија ниту Украина не можат да ги исполнат целосно своите цели во Украина. 

Вели дека ниту Украинците можат да ги избркаат руските сили од секој сантиметар и тоа ќе биде многу тешко, а Русија не може да ја освои Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани. 

Слично

Поврзани вести