Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пригожин ги демантира руските медиуми: Украинците се борат за секоја улица и секоја куќа

Пригожин ги демантира руските медиуми: Украинците се борат за секоја улица и секоја куќа

Украинците не се повлекуваат од Бахмут вели шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин. 

Жестоки борби уште има, а тој ги отфрли објавите на руските медиуми дека украинските сили се повлекуваат. Кажа дека ги има насекаде, се борат за секоја улица, секоја куќа, секое скалило. Со месеци се водат борби за освојување на Бахмут. 

Русија спрема голема онфанзива за 24 февруари, денот кога лани ја почна инвазијата на Украина. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека ќе се борат за Бахмут додека можат. 

Претходно, руска организација тврдеше дека групата Вагнер има големи загуби и дека голем дел од нивните војници се убиени, ранети или исчезнати. 

Слично

Поврзани вести