Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИДНЕСТРОВЈЕ Е ТЕМПИРАНА БОМБА: Откриени се 20.000 тони експлозив кои би направиле катастрофа

ПРИДНЕСТРОВЈЕ Е ТЕМПИРАНА БОМБА: Откриени се 20.000 тони експлозив кои би направиле катастрофа

20.000 тони екплозив имало во молдавските складишта. Складиштето за муниција Кобасна е најголемо во Источна Европа. Се верува дека го чуваат околу 1.500 руски војници. 

Армијата на Молдавија објави дека е поставен експлозив во складиштата за оружје низ отцепениот регион Приднестровjе. Екс воен инспектор при Министерството за одбрана на Молдавија објави дека вооружените сили на Приднестровjе поставиле експлозиви во сите складишта за оружје во овој сецесионистички молдавски регион, вклучително и складиштето за муниција Кобасна. Доколку почне било каква воена операција, тоа ќе поредизвика катастрофална штета во делови на Молдавија, Приднестровjе и соседна Украина. Проруските настроени граѓани во Молдавија неодамна протестираа во Кишињев со пароли дека сакаат да бидат дел од Русија. Молдавија лани објави дека Русија ќе ја нападне во 2023 година. Руските власти упатуваа закани кон Молдавија, па дури и рекоа дека молдавската претседателка Маја Санду го следи патот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Руските власти рекоа дека по Украина, следна е Молдавија. 

Дел од молдавските граѓани се плашат дека и кај нив може да избие војна. Приднестровје се отцепи од тогашната советска Молдавија во 1990 година. По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, проруските сепаратисти водеа војна со молдавските владини сили. Но, оваа територија иако Русија ја смета за своја, не е меѓународно признаена како независна.

Слично

Поврзани вести