Економија, финансии, бизнис

Контакт

При невреме топка мраз удри бебе по главата по што почина

При невреме топка мраз удри бебе по главата по што почина

При невреме со град во Шпанија загина 20-месечно бебе. Трагедијата се случила во градот Ла Бисбал д’Емпорда, соопштија властите.

Градоначалничката Карма Вал за шпанската национална телевизија изјави дека бебето било со  родителите кога вчера го удрила топка мраз и дека починало утрово во болница, пренесе АП. Над 20 луѓе се здобиле со повреди по невремето, а многу автомобили и згради се оштетени од градот. Силни бури се предвидуваат за источна Шпанија по летните топлотни бранови, на копно и во Средоземното Море, јавува АП. Шпанија летово се бореше со големи шумски пожари и горештини. 

Слично

Поврзани вести